30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Пациент почина во болница откако на дијализа му бил вбризган дезинфисиенс

Bolnica Hrvatska
Bolnica Hrvatska

62-годишен пациент од Чаковец, Хрватска почина за време на хемодијализа, затоа што за време на постапката примил погрешно средство, соопшти денеска болницата во тој град. Во соопштението кое го пренесуваат медиумите во Хрватска се наведува дека врз пациентот, кој бил во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирус, на 29 септември била извршена рутинска терапија на хемодијализа.

Zito akcija 640x289px

„За време на постапката интравенски е применето недозволиво средство кое инаку рутински се применува локално кај такви и слични постапки. И покрај моментално преземените мерки за максимално интензивно и реанимациско лечење, настапи мултиорганско затајување на органите и смрт на пациентот, па е индицирана обдукција“, се наведува во соопштението.

Agria

Министерот за здравство Вили Берош во Загреб изјави дека во болницата е испратена здравствена инспекција и оти постои сомнеж за стручна грешка.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: