Пад на температурите и локални врнежи низ земјата

oblacno dozd

Пред нас е брз влажен и поладен воздушен бран од северозапад. Денес во претпладневните  и во раните попладневни часови во нашата Република Македонија времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд а поради падот на температурите во северозападните  и во северните високи планински предели (над 1800/1900 метри надморска височина) ќе има повремени врнежи од снег. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе биде најизразен долж Повардарието.

Максималните температури денес во нашата Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени а во Скопје и околината температурата денес ќе се искачи до околу 16 степени.

Agria

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: