Пвообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски побара изземање на целото скопско Јавно Обвинителство, а кривична одговорност за надлежната обвинителка Жаклина Јосифовска поради криење на докази, односно пиштол со калибар од 9 мм кој обвинетиот Боре Видевски го поседувал со дозвола, а обвинителката со намера не го прибавила како доказ.
Палевски, изнесувајќи го предлогот, пред судот рече дека причините и доказите се содржани во двата обвинителниот акти кои се споени во една судска постапка, но и за лажно сведочење на сведок, докази кои, како што рече, ги приложува со барањето за изземање.
Судијата Ивица Стефановски, судењето го одложи за 3 февруари, посочувајќи дека мора да остави простор Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски да се произнесе по наводите во барањето за изземање.