Петрушев втор во Краков, Рибарски во полуфинале на Светското првенство

Angel Petrusev IKAS 2024

Македонија има со што да се гордее. Младите кајакари на Светското првенство до 23 години во Краков покажаа дека можат да се борат рамо до рамо со најдобрите во светот, во конкуренција на 80 натпреварувачи од различни земји.

Zito baner

Најголем успех во квалификациите оствари Ангел Петрушев, кој со фантастична трка го освои второто место. Петрушев до целта стигна со само 87 стотинки заостанување зад лидерот Фераци и со тоа обезбеди пласман во полуфиналето.

Agria

Одличен настап имаше и Стефан Рибарски, кој заврши на 20. место и се најде меѓу најдобрите 40 полуфиналисти. Рибарски зад победникот заостана 5 секунди и 51 стотинка, но со борбената трка потврди дека е дел од најдобрите млади кајакари.

Илија Ѓорѓиев го заврши настапот на 56. позиција, со заостанување од 28 секунди и 28 стотинки. За него настапот на светската сцена е големо искуство и важен чекор во развојот на кариерата.

Полуфиналните и финалните трки на Светското првенство во Краков ќе се возат на истата патека во петок, 3 јули, каде македонските репрезентативци ќе имаат нова можност да го покажат својот квалитет.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: