Пионерската ракометна екипа на Гемиџии запиша уште еден првенствен пораз, овојпат на домашен терен, каде гостуваше поквалитетниот состав на Тиквеш. Иако велешаните влегоа со голема желба и борбеност, на крајот мораа да им честитаат на кавадарчани кои славеа со резултат 18:20.
Клучен играч во редовите на Тиквеш беше Марио Ѓорѓиев, кој одигра блескава партија и постигна дури 13 погодоци, на што домашната одбрана не успеа да најде решение. Велешките млади ракометари сепак покажаа карактер, и покрај негатива од минус пет голови во 30-тата минута, успеаја да се вратат во игра и да намалат на само два гола разлика (18:20), дури имаа и напад за целосно враќање, но немаа доволно сила за целосен пресврт.
Најефикасен кај домашниот тим беше Андреј Јакимовски со 6 погодоци, додека Бојан Мартинов додаде 5 погодоци.



















