Пионерките на Виола Волеј од Велес со нови две победи, максимални 4 од 4 и цврсто на врвот

Пионерската екипа на ОК Виола Волеј продолжува со перфектниот настап во Пионерската државна лига и уште еднаш ја потврди лидерската позиција на табелата во својата група. Младите велешанки остварија две нови победи и со максимален учинок од четири триумфи во исто толку натпревари, сезонава засега немаат конкуренција.

Во првиот натпревар, Виола Волеј славеше против скопската екипа на Мастер Волеј со 2-1 во сетови, во меч исполнет со борба и неизвесност. Во вториот дуел, пионерките од Велес беа уште поубедливи и ја совладаа екипата на Пелистер Волеј од Битола, со што го заокружија уште еден успешен натпреварувачки ден.

Agria

Иако составот на тимот е претежно од девојчиња родени 2012 и 2013 година, тоа не беше пречка за Виола Волеј да прикаже зрелa и сигурна игра на теренот. Со борбеност, дисциплина и тимски дух, младите одбојкарки уште еднаш покажаа дека заслужено се наоѓаат на врвот на табелата.

Со биланс од 4 победи од 4 одиграни натпревари, пионерската екипа на ОК Виола Волеј јасно најавува сериозни амбиции и ветува уште многу возбудувања за љубителите на одбојката во Велес.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: