Пиротехниката во „Пулс“ била активирана со далечински управувач од еден од членовите на „ДНК“, рече обвинителот Јанев

diskoteka-puls-kocani-puls-kochani

Eден од членовите на групата ДНК, сега веќе покојниот Мартин Атанасовски со далечински управувач ги активирал пиротехничките средства во дискотеката „Пулс“, во моменти кога се изведувала песната „Што сака нека биде“. Ова денеска го соопшти обвинителот Борче Јанев на првото рочиште од судењето за пожарот во кочанската дискотека.

Додека се уште траела истата песна, пожарот го зафатил целиот плафон. Мирисот од запаливите материи и чадот од оганот предизвикале општа паника. Обвинителот информира дека пиротехниката била договорена од страна на сега веќе починатиот фронтмен на „ДНК“, Владимир Блажев-Панчо и сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов-Деко.

Agria

Единствениот излез поради самата конфигурација и небезбедни стандарди на вратите, станале пречка за напуштање на објектот.

„Тука најдобро се гледа значењето на непостапувањето што довело до трагедијата. Смртносната стапица била поставена. Вградените градежни материјали на своја рака од обвинетиот Дејан Јованов, без безбедносна проверка, ќе се покажат како носечка причина за смртта. Сунѓерот со кој бил обложен плафонот, уште од отворањето во 2012, бил со опасни и токсични гасови како резултат на соговорувањето“, кажа, меѓу другото, Јанев во својот почетен говор.

На почетокот на денешното судење, судот одлучи постапката за овој предмет да се спои со постапката против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“.

Родителите очекуваат одговорност, иако по самиот почеток на случајот, стануваат и скептици.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: