Платите растат на хартија, џебовите сè уште тенки, просечната нето-плата 46.889 денари во декември

Denari plata

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари и бележи раст од 7,6 проценти во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците, зголемувањето најмногу се должи на порастот на платите во неколку клучни сектори. Најголем скок е забележан во секторот транспорт и складирање, каде просечната нето-плата е повисока за 13,4 проценти. Следуваат земјоделство, шумарство и рибарство со раст од 10,9 проценти, како и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли и образование, каде платите се зголемени за 9,7 проценти.

Agria

Во однос на претходниот месец, односно ноември 2025 година, исто така е евидентирано зголемување на просечната нето-плата. Најизразено е во секторот транспорт и складирање со 12,8 проценти, потоа во рударство и вадење на камен со 9,0 проценти и во градежништво со 7,0 проценти. Просечната месечна исплатена бруто-плата во декември 2025 година изнесувала 70.520 денари.

Иако статистиката покажува континуиран раст на платите, останува прашањето колку овој пораст реално го подобрува животниот стандард на граѓаните, имајќи ги предвид зголемените трошоци за живот и инфлаторните притисоци кои во изминатиот период значително ги оптоварија семејните буџети.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: