По дизелот, поскапува и екстра лесното масло

benzin

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59% во однос на одлуката од 29.10.2025 година.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,50 ден/лит.

Agria

Од денеска, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат 73,50 денари за литар моторен бензин 95, БС – 98 ќе се продава по 75,50 денари за литар, дизел гориво 70 денари за литар, масло за горење екстра лесно 69,50 денари за литар и мазутот М-1 НС – 36,057 денари за килограм, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,50 ден/лит.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: