Победа на Превалец во Мало Коњаре за мирен врв пред гостувањето во Крушево

Фудбалерите на Превалец продолжуваат со одличните настапи во Третата фудбалска лига – Југ, потврдувајќи дека сериозно ја сфаќаат трката за врвот. Во рамки на 14. коло, тимот од велешката населба Превалец гостуваше кај екипата на Млекар во Мало Коњаре и се враќа со нови три бода, со кои останува на лидерската позиција на табелата.

Првото полувреме мина без погодоци (0:0), со израмнета игра и претпазлив пристап од двете страни. Домаќините се обидоа да го искористат домашниот терен, но гостите од Превалец успешно ги неутрализираа нивните напади. Во вториот дел следуваше поинаква слика. Превалец заигра поофанзивно и поконкретно во завршницата, што резултираше со три погодоци. Мрежата на Млекар ја затресоа Крстевски Аце, Спиридонов Давид и Јордановски Аце, поставувајќи конечни 3:1 и обезбедувајќи вредна победа на гостински терен.

Agria

Со овој триумф, Превалец ја задржува предноста на врвот, но веќе во следното коло го очекува нов сериозен предизвик. Тимот ќе гостува во Крушево кај екипата на Питу Гули, состав кој во првиот дел од сезоната остана непоразен на домашен терен и е единствениот што одигра нерешено пред својата публика.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: