Одбојкарите на Борец со убедлива победа го започнаа регуларниот дел од сезоната во Првата А одбојкарска лига. На домашен терен, велешани ја совладаа екипата на Сушево со максимални 3:0 во сетови.
Борец доминираше во првиот сет, кој го доби со убедливи 25:8. Во вториот сет гостите пружија посилен отпор, но велешките одбојкари славеа со 25:20, а во третиот сет ја потврдија победата со 25:16.
За разлика од машкиот тим, одбојкарките на Борец жени претрпеа пораз на домашен терен во воведниот натпревар од второто коло во Втората женска одбојкарска лига. Велешанки загубија од екипата на Ускана со 1:3 во сетови.
Гостинките ги добија првите два сета со 25:20 и 25:11. Одбојкарките на Борец се вратија во игра со освоениот трет сет од 25:21, но Ускана во неизвесниот четврти сет славеше со 25:22 за конечна победа.






















