Почна наплатата на зонското паркирање во Велес. Вработени од ЈП „Парк спорт и паркинзи“ веќе вршат наплата за паркирање на сопствениците на возилата кои се паркираат на паркингот спроти Локалната библиотека “Гоце Делчев”.
Велес ќе има три паркинг зони, „А“, која е црвена зона има три подзони, втората зона „ Б“ е зелена и има девет подзони, и третата паркинг зона „Ц“ е жолта и има две подзони. Цената за еден час паркирање во зоната „А“ е 30 денари, во зоната „Б“ е 20 денари и во зоната „Ц“ е 10 денари. Дневна карта за паркирање во сите зони е 400 денари. Во недела и на државни празници паркирањето ќе биде бесплатно за сите, а за граѓаните се издаваат повластени паркинг карти.
Од локалната власт очекуваат дека со платениот паркинг ќе се сопре сообраќајната некултура на паркирање кој кај ќе стигне, по тротоари и коловозни ленти, автобуски и такси стојалишта и потсетуваат дека Велес е меѓу последните големи градови во земјава што воведува платено паркирање.
Можеби ќе ве интересира: