![Venko-Filipce](https://batali.mk/wp-content/uploads/venko-filipce-1.jpg)
Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција рече дека ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 годишна возраст со вакцината на Фајзер.
„Покрај најавата дека од понеделник започнува теренската вакцинација ве информирам дека ќе се дозволи и вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на Фајзер којашто во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи за деца“, изјави министерот за здравство.
Вакцинирањето на што поголем број на граѓани ќе овозможи заштита од ширење на епидемијата. Спуштањето на рамката на години за лицата кои се вакцинираат, ќе ја намали веројатноста да и младите го шират вирусот. Со вакцинација се овозможува заштита од преносливост на новите соеви и заштита од тешка форма на болеста или смртен исход.
Moжеби ќе ве интересира: