Полуфинале за Смилев и Петрушев на ЕП во кајак на диви води за јуниори и младинци до 23 години

На денешните квалификации од Европското првенство во кајак на диви води за јуниори и младинци до 23 години (U23), македонските претставници имаа солидни настапи и обезбедија две места во полуфиналето.

Во категоријата K1 јуниори (мажи), Кристијан Смилев се истакна со силна трка и заврши на 17. место од вкупно 62 натпреварувачи, со заостанување од 6.49 секунди зад водечкиот. Со овој резултат, Смилев обезбеди пласман во полуфиналето, кое ќе се одржи во петок. Неговиот успех не го следеа останатите македонски претставници во оваа категорија, Филип Петрушев кој заврши на 45 место, и Илија Ѓорѓиев на 47 позиција.

Agria

Во женска јуниорска конкуренција, Марија Пановска настапи меѓу 49 натпреварувачки и со заостанување од 25.55 секунди го освои 38. место.

Добри резултати се забележани и во категоријата K1 мажи – до 23 години (U23), каде што Ангел Петрушев заврши како 17-ти од вкупно 58 натпреварувачи и исто така обезбеди пласман во полуфиналето. Другите двајца македонски претставници во оваа категорија имаа следни пласмани Стефан Рибарски  36 место и Марко Варналиев  54 место.

Во екипна конкуренција, македонскиот тим во категоријата K1 јуниори не се појави на стартот, додека во категоријата K1 до 23 години заврши на претпоследното, 18. место.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: