АМСМ соопшти дека изутринава од 08.40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5 километри после БП „Детоил“ сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри.
На терен веќе се присутни екипите на Јавното претпријатие „Македонија пат“, кои работат на расчистување на одронот по што се очекува нормализирање на сообраќајот.

















