Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Порани безбедносни причини украинскиот парламент ја одложи седницата

Украинскиот парламент ја одложи седницата што требаше да се одржи денеска поради безбедносни причини, објави јавната телевизија Суспилна.

Zito akcija 640x289px

„Беше планирано да се одржи седница на Врховната Рада на 22 ноември, на која пратениците требаше да поставуваат прашања до владата, но сè беше откажано поради безбедносни причини“, објави Суспилне.

На пратениците им е кажано да ги држат своите семејства подалеку од владиниот кварт на Киев, а според некои од нив, следната седница на украинскиот Парламент е закажана дури во декември.

Одложувањето дојде откако рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање рече дека Русија во четвртокот истрелала хиперсонична балистичка ракета со среден дострел врз украински воен објект, како одговор на Киев за употреба на американски и британски ракети за да напаѓа цели на руска територија.

Предупредувањата за големи ракетни напади ги натераа американските и другите амбасади во Киев да затворат во средата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: