Променливо облачно и постудено време се очекува утре во Велес. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено во делови од велешката котлина.
Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, додека максималната ќе достигне 15 степени Целзиусови.
На ниво на државата, ветерот ќе биде засилен до силен од северен правец, а наместа ќе надминува брзина од 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 2 до 10 степени, а максималните од 12 до 16 степени.
























