Со возбудливи натпревари, многу голови и детска спортска енергија, заврши групната фаза од Детскиот фудбалски турнир 2026 што оваа недела се одржува во Градскиот парк во Велес. По одиграните средби, познати се екипите што обезбедија место во четвртфиналето и вечерва ќе продолжат во борбата за трофејот.
Во последното коло од групната фаза беа постигнати неколку убедливи победи и неизвесни дуели. Тополка ја совлада екипата на ФК Јуниор со 2:0, Мал Ајакс беше убедлив против Кумсал со 4:0, додека Наш’то Маало славеше со 2:1 против Виксата Аутодеталинг. Во драматичен натпревар решен по пенали, Тополка беше подобра од Њу Старс со 3:2, а Осогово Крива Паланка обезбеди победа од 2:0 над Мал Ајакс. Наш’то Маало го доби мечот против Везилка со службени 3:0, откако противничката екипа не се појави на теренот.
По завршувањето на групната фаза, вечерва следуваат четвртфиналните пресметки, кои повторно ќе се играат во вечерен термин во прекрасниот амбиент на Градскиот парк:
• 18:30 – Наш’то Маало – Њу Старс
• 19:30 – Борец – Мал Ајакс
• 20:30 – Осогово Крива Паланка – Минерали Метали
• 21:30 – Тополка – Лирија
Турнирот е во организација на Општина Велес во соработка со фудбалскиот тренер Панче Нанев и веќе се наметнува како еден од најпосетените и најживите спортски настани за младите фудбалери од Велес и пошироко.

























