Претрес во Кавадарци и Велес, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата во Кавадарци и Велес, во текот на вчерашниот ден приведени се три лица поради сомнение за недозволена трговија со дрога, а при претреси биле пронајдени и одземени различни видови наркотични материи и предмети поврзани со нивна евентуална продажба.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, на 13.02.2026 година во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода 44-годишната Е.Д. и 40-годишниот А.К., двајцата од Кавадарци. При извршен преглед кај Е.Д. била пронајдена и одземена марихуана.

Agria

Подоцна, со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на А.К., при што биле пронајдени и одземени жолта грутчеста материја, епрувета со жолта материја, дигитална вага, како и црна грутчеста материја.

Истиот ден, во 15:50 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода 32-годишниот Н.Ц. од Велес. При преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, каде што полицијата пронашла и одзела дополнителна бела грутчеста материја, дигитална вага и пари.

Лицата биле приведени во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: