Претреси во објекти за марихуана поврзани со петте тони запленети во Србија

Marihuana SOPOT

Продолжуваат претреси на неколку локации поврзани со истрагата за петте тони марихуана запленета минатата недела во Србија, за која српските власти тврдат дека влегла од Македонија.

Се постапува по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое ја води истагата, а се проверуваат објекти на фирми кои одгледувале марихуана за медицински цели.

Agria

Според досегашните информации од српските власти, марихуаната во Србија влегла од Македонија, а  еден од приведените е косопственик во скопската компанија регистрирана за одгледување канабис за медицински цели.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираше  дека е оформен предмет и дека веќе се разменуваат информации со српските обвинителски органи.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: