Претседателот на ОФС Велес, Тале Шопов донираше фудбалски топки на сите училишта во Велес

Сите основни и средни училишта во Велес добија фудбалски топки како донација од претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Велес, Тале Шопов, со поддршка од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Оваа акција има за цел да ги подобри условите за одвивање на наставата по физичко воспитување и да придонесе за зголемување на физичката активност кај младите.

Agria

Претседателот на ОФС Велес, Тале Шопов, истакна дека иницијативата произлегла од директното согледување на потребите на училиштата.

„Јас како претседател на ОФС Велес увидов дека учениците ги немаат потребните реквизити за настава, па затоа одлучив да донирам фудбалски топки на сите основни и средни училишта во Велес, со цел подобра работа на професорите по физичко воспитување со учениците. Верувам дека секое дете заслужува еднаква можност за квалитетна настава и спортски активности.“

Од ОФС Велес најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со вакви активности, со цел поддршка на развојот на младинскиот спорт и промоција на фудбалот во општината.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: