Фудбалерите на Големо Коњари и Превалел ги поделија бодовите во дербито на 15 коло од Третата фудбалска лига – Југ. Ова реми го искористи Башкими и со победата над Младост се приближи на само еден бод до лидерот на табелата, екипата на Големо Коњари.
Давид Секуловски во 39 минута го отвори резултатот за водство на гостинскиот тим, но само три минути подоцна домаќините преку Онур Имероски го израмнија резултатот на 1:1, што се покажа како конечен резултат.
По 15 одиграни кола во Третата фудбалска лига – Југ, Големо Коњари е сеуште на врвот на табелата со 32 бода. Веднаш зад него се екипите на Башкими од село Горно Јаболчише со 31 бод и Превалец со 28 бода. Во следното коло Превалец го пречекува Ултрас, додека Башкими ќе гостува кај Бучин, а Големо Коњари кај Слога во Лажани.