Превалец убедливо поразен на гостувањето кај Големо Коњари

Екипата на Превалец претрпе нов пораз во првенството, откако во рамки на 7. коло на гостувањето кај Големо Коњари загуби со 3:0. За домаќините ова беше важна победа, а Превалец остана без бодови на гостински терен.

Zito baner

Големо Коњари, минатогодишен второлигаш, поведе во 39. минута со погодокот на Ерџан Ибраимовски. Во второто полувреме, Беким Алимоски со два гола, во 56. и 71. минута, ја потврди убедливата победа на домашниот состав.

Agria

По седум одиграни кола, Превалец се наоѓа на осмата позиција на табелата. Во следното коло велешкиот тим ќе има можност да се врати на победничките патеки пред домашната публика, кога ќе го пречека составот на Башкими од Горно Јаболчиште.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: