Приведен Орце Камчев, се подготвувал за бегство

Orce Kamcev

Бизнисменот Орце Камчев претпладнево е приведен од страна на полицијата, потврдија од МВР, од таму додаваат дека истиот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Од обвинителството за гонење на организиран криминал велат дека приведувањето е откако АНБ доставила извештај дека Камчев се подготвува за бегство. Од таму велат дека ќе постапат согласно надлежностите и ќе биде поднесен предлог за определување на мерка притвор бидејќи Камчев е осомничен во истрагата “Плацевите на Водно”, за нелегално купените плацеви на Водно за Никола Груевски преку фирмите на Орце Камчев.

Agria

Против Камчев се води и големата истрага за случајот „Империја“ . Во „Империја“ е осомничен и Сашо Мијалков кој е во притвор по пресудата од 12 години затвор за масовното прислушување во предметот „Таргет-Тврдина“.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: