На 19 јануари 2026 година во 17:15 часот на улицата „8 Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Т.А. (59) од Велес поради агресивно однесување кон полицајците кои извршувале службени дејствија.
Според информациите од полицијата, при преземање мерки кај лицето биле измерени 2,36 промили алкохол во крвта. Т.А. бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




















