Продолжува судењето за Онкологија 2

onkologija

Со сослушување сведоци денеска во Кривичниот суд продолжува судењето за случаот Онкологија 2 кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал.

На претходното рочиште сведочеше медицинска сестра, која била одговорна за дневната болница на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, додека директор бил Нино Васев, која кажа дека некогаш се случувало на клиниката да нема некоја терапија, а одредени пациенти да ја добијат, како и дека имало пациенти на кои им биле менувани препишаните терапии.

Agria

Судот на денешното рочиште ќе треба да се произнесе и по барањето на одбраната  за изземање на вештото лице Елизабета Дамевска Јовановска.

Кривичниот суд во јуни годинава го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година.

Обвинетите Васев и Нухи негираат вина и тврдат дека обвинението против нив е неосновано и политички монтирано врз основа на економско вештачење од лица кои се инкриминирани.

Покрај Онкологија 2, против Васев и тројца лекари онколози се води уште еден случај Онкологија 1 за несовесно лекување пациенти. Васев и двајца обвинети Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, сите вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, пред Судот негираа вина, додека второобвинетата Мери Пешевска призна вина, по што Судот ја раздвои постапка против неа и треба да и изрече пресуда на 22 септември.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: