Променливо и тивко време, дожд на крајот од денот

Времето денес ќе биде променливо облачно. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Agria

Во Велес, променливо облачно и тивко со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура во нашиот град ќе се искачи до 7 степен.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: