Променливо облачно и топло, попладне со услови за локален пороен дожд

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди, а во попладневните часови, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, се очекува локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме проследено со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Zito baner

Утринската температура ќе се движи во интервал од 13 до 22 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 29 степени во Маврово до 38 во Гевгелија.

Agria

Во Велес, според синоптичарите, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, во делови од котлината, ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 37 Целзиусови степени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: