Времето денеска ќе биде променливо облачно со можни врнежи од дожд. Во текот на денот, како што се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе биде од 2 до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи меѓу 12 и 20 степени.
Променливо облачно време денеска ќе има и во Велес. Во попладневните часови и ноќта ќе има повремен дожд. Во текот на денот ќе дува и слаб југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 10 степени наутро до 17 во текот на денот.