Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд е прогонозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите во планинските делови од земјата ќе бидат од снег, а на повисоките места во западните и северните делови понекаде ќе има врнежи од повремен дожд кој ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој долж Повардарие ќе биде поизразен.
Температурите ќе се движат во рамки на сезонските просеци, утринската температура ќе биде од минус 5 до 2 Целзиусови степени, а во текот на денот од 2 до 8 степени.
Во Велес, по студеното утро во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно со кратки сончеви периоди, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде од нула до 8 степени.