Променливо облачно со повремен дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во северозападните и северните делови од земјава врнежите ќе бидат пообилни. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 5 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 9 до 17 степени.

Agria

Времето во Велес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 9 до максимални 15 степени.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: