Променливо облачно време со повремен локален дожд претпладне се најавува за денеска.
Ќе дува умерен, а во Повардарието засилен, повремено силен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време наместа со повремени врнежи, кои на повисоките планини ќе бидат од снег.
Од утре до почетокот на викендот ќе дува засилен северозападен ветер, кој повремено на места ќе биде силен.

























