Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. На некои места врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини ќе има услови за утринска магла, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Zito baner

Утринската температура ќе биде од 8 до 13 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 15 до 24 степени.

Agria

Во Велес времето денеска ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 11 степени наутро до 22 во текот на денот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: