По облачното утро, со услови за слаби врнежи од дожд во крајните југозападни делови, денеска во текот на денот се очекува времето во земјава да биде променливо облачно со сончеви период, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој попладне долж Повардарието ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од минус два до пет Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од три до 10 степени.
Во Велес, според синоптичарите, исто така, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намалува, а дневната температура ќе се искачи до седум Целзиусови степени.






































