Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На повисоките места можни се врнежи од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура, насекаде ќе биде над нулата и ќе се движи во интервал од еден до шест Целзиусови степени, a максималната дневна ќе достигне од шест до 14 степени.
Во Велес, според синоптичарите, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура во Велес ќе се искачи до 12 Целзиусови степени.

















