Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места во западните делови од земјата ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен северозападен, а наместа и повремено засилен ветер.
Минималната температура ќе се движи од 1 до 5 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
И во Велес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд, а ќе дува променлив ветер. Минималната тмпература ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

















