Денеска времето ќе биде наутро студено, а преку денот променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови од земјата, додека во западните од попладневните часови ќе има услови за појава на слаб повремен снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.
Утринските температури се движат во оспегот меѓу минус 10 и 1, додека највисоките преку денот соодветно ќе бидат од 1 до 9 Целзиусови степени.
Во Велес наутро е студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер, со температура до 9 степени.