Променливо облачно со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови од земјата, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег, а ќе дува и умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе биде од еден до девет Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од шест до 13 степени.

Agria

Во Велес, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од седум степени наутро до 12 во текот на денот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: