Променливо облачно време со сончеви периоди претпладне, а попладне услови за слаб локален дожд, најпрво во западните делови, најавува временската прогноза за денеска.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието. Минималната температура ќе се движи од 0 до 10 степени, додека максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, променливо облачно време со дожд ќе продолжи и во наредните денови, сè до почетокот на следната работна седмица. На одделни места врнежите повремено ќе бидат пообилни, а во четврток се очекува да има и ретки грмежи.
Утринска магла е можна денеска и во четврток на одделни места. Ветерот ќе биде претежно од југоисточен правец, слаб до умерен, а во петок ќе дува засилен северозападен ветер.
Поради најавените врнежи, во наредните денови се препорачува граѓаните да ги следат временските прогнози и да ги приспособат своите активности на временските услови.

























