Полициски службеници од БЈБ при МВР на наплатна рампа Сопот, при преглед на патничко возило “поло” со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.А. од Гевгелија и сопатник М.Ж. од Р. Хрватска, пронашле дрога.
„Вчера од страна на полициски службеници од БЈБ при МВР на наплатна рампа Сопот, велешко, при преглед на патничко возило “поло” со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.А. од Гевгелија и сопатник М.Ж. од Р. Хрватска, биле пронајдени две торби во кои имало вкупно 40 пакувања со растителна материја“, информираа од МВР.
Известен е јавен обвинител од ОЈО Велес и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.