Според најновите податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава достигнува 43 053 денари. Во споредба со февруари претходната година, месечната нето-плата по вработен бележи пораст од 9,6 проценти.
„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: дејности во врска со недвижен имот за 16,6 %, преработувачка индустрија за 11,5 % и за образование 11,4 %. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: информации и комуникации за 4 %, дејности во врска со недвижен имот за 3,9 % и преработувачка индустрија за 2,5 % “, стои во соопштението.
Во февруари годинава, просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 64 634 денари.