Пукање во центарот на Куманово, ранет доктор и носител на листа на ДУИ

Policija lenta

Две лица денеска околу 14 часот пукале и раниле едно лице во центарот на Куманово. Според Колаицијата „Вреди“, која го осуди нападот, повреден е д-р Зекирија Шаини, кој е вработен на скопската Клиника за пулмологија и е носител на советничката листа на ДУИ во Општина Липково на претстојните Локални избори. Тој е пренесен на лекување на Скопските клиники, пренесува СДК.

Според полицијата, повредениот се возел со „голф“, а во него пукале две лица кои се движеле по улицата. Инцидентот се случил на раскрсницата пред Општина Куманово, на 50-тина метри од кумановската полициска станица.

Agria

„Во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од улица Димитрије Туцовиќ со улица 11 Октомври во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило ‘фолксваген голф’, управувано од З. Ш. (43) од с. Слупчане, Општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош. Полициски службеници излегоа на местото и се работи на расчистување на случајот“, соопшти Кумановската полиција.

Од Основното јавно обвинтелство (ОЈО) во Куманово велат дека двајца јавни обвинители од излегле на лице место и вршат увид на лице место.

„Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат“, соопшти ОЈО Куманово.

Очевидци, кои работат во Општина Куманово велат дека одеднаш слушнале 5-6 истрели од огнено оружје, а кога погледнале надвор виделе неколку лица како бегаат и полицајци кои трчаат по нив. Настанала пискотница на улицата, а ранетиот човек лежел на улица.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: