Резултати од 3 коло на Општинска фудбалска лига Велес

ФК Тим Локомотива 2018 ја совлада ФК Тополка со 1:0 во натпревар од третото коло на Општинската фудбалска лига Велес за сезоната 2026/27. Стрелец на единствениот гол беше Роберто Трипчев во 50. минута. ЗГ ФК Врановци и ФК Бузалкова одиграа нерешено 1:1. Бузалкова поведе со голот на Илас Цемаиловски во 37. минута, а Врановци се спаси од пораз со погодокот на Албан Биба во 89. минута.  Единствениот натпревар кој заврши со најнепопуларниот резултат 0:0, беше оној на Согле и Горски.

Zito baner

Младост 1976 го забележа и третиот пораз овојпат од екипата на Плавник со резултат 2:1. Поведоа гостите со голот на Армен Мемедов во 25 минута а израмни Славчо Наковски во 65 минута. Победата на мелничани им ја донесе Бесник Муртезани во 76 минута од натпреварот.Раштани пак е овогодинешното изненадување. На свој терен го совлада минатогодишниот шампион Форца Нова со убедливи 3:0. Стрелци на головите за Раштани беа Даниел Трајковски во 21 и 86 минута и Дамјан Јовановски во 76 минута од натпреварот.

Agria

Табела по 3. коло – Општинска фудбалска лига Велес

#ЕкипаОПНЗГол-разликаБодови
1.ТИМ Локомотива 201832106:27
2.Раштани Спорт32105:17
3.Горски31202:15
4.Врановци31113:44
5.Плавник Мелница31114:54
6.Форца Нова31016:74
7.Бузалково30303:33
8.Тополка30112:33
9.Согле30211:22
10.Младост 197630033:70

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: