РК Бисинов се враќа на македонската ракометна сцена, формиран тим за пионерската лига

Pioneri Golden Art Bisinov

Ракометниот клуб „Бисинов“ од Велес повторно ќе биде дел од македонските ракометни натпреварувања. Клубот, предводен од познатиот спортски работник Никола Бисинов, пријави тим за пионерската лига за сезоната 2025/2026.

Бисинов, кој моментално е тренер на РК Вардар Неготино, ќе продолжи активно да работи со младите ракометни надежи во Велес. Со ова, се отвора можност градот повторно да изгради силна ракометна база и да создаде темели за формирање на сениорски тим во иднина.

Agria

„Нашата цел е да го раздвижиме ракометот во Велес и да им дадеме шанса на младите таленти да се развиваат во својот град. Верувам дека ова е само почеток и дека наскоро Велес повторно ќе има конкурентен сениорски клуб,“ изјави Бисинов.

Со враќањето на РК Бисинов, Велес повторно зазема место на ракометната мапа на Македонија, потсетувајќи на богатата спортска традиција на овој регион.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: