РК Гемиџии со кадетите во Штип, пионерите пред нов предизвик на домашен терен

Кадетскиот и пионерскиот состав на РК Гемиџии викендов ги продолжуваат натпреварите во своите лиги, со различни предизвици и амбиции за нови победи.

Zito baner

Кадетите во сабота гостуваат во Штип, каде ќе се соочат со екипата на Текстилец. Станува збор за дуел на две екипи кои досега немаат забележано победа, а имаат по четири порази. Тоа значи дека едниот состав ќе има можност да го запише првиот триумф во досегашниот тек од натпреварувањето.

Agria

Пионерскиот тим, пак, во недела ќе игра на домашен терен. Со почеток во 14 часот, во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“, велешките ракометари ќе ја пречекаат екипата на Радовиш.

Пионерите на Гемиџии ќе се обидат да го продолжат победничкиот ритам и да го задржат максималниот учинок, додека гостите досега имаат една победа во трите одиграни натпревари.

Викендот носи можност кадетите да стигнат до првата победа, а пионерите да ја продолжат успешната серија.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: