Роднините за загинатите во „Пулс“ почнуваат со блокади на кружниот тек кај двојниот мост во Кочани

Palenje sveki pred plostad Srmaale za zaginatite vo Kocani 1

Од денеска, 12 октомври, ќе има секојдневни блокади на сообраќајот на кружниот тек пред двојниот мост во Кочани – најавија родителите на починатите во трагедијата во “Пулс”, денеска на 26. „Марш за ангелитe“

Тие, решаваат да ги интензивираат протестите пради незадоволство од бавната правда во овој случај, но и најавите дека судскиот процес може да трае и повеќе години.

Agria

„По медиумите, ги слушаме адвокатите на осомничените, дека судењето ќе трае помеѓу 10 и 15 години. Оваа изјава е срамна и понижувачка за семејствата на децата кои ги загубија своите животи. Нема да дозволиме да се одологвлекува и се да се заборави. Нашите деца не се бројки во предмет, тоа се човечки животи загубени поради туѓа негрижа“ рече мајката на едно од загинатие деца.

Родителите побараа побрза акција од страна на судскиот систем, зајакнување на судско-обвинителскиот тим задолжен за случајот со цел целата постапка побрзо да добие разрешница.

Предметот за случајот „Пулс“ е префрлен во Скопскиот кривичен суд, но до овој момент се уште не е закажано првото судско рочиште.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: