Женската одбојкарска екипа на Борец без поголеми проблеми ја оправда фаворитската улога на гостински терен, совладувајќи го аутсајдерот Шкупи со 1:3 во сетови (5:25, 25:22, 8:25, 15:25).
Велешанки силно го отворија натпреварот и со доминантна игра во првиот сет му ставија до знаење на противникот дека бодовите патуваат за Велес. Иако домаќинот успеа да го израмни резултатот со освоениот втор сет, тоа беше краток блесок, по кој Борец повторно ја презеде контролата на теренот.
Со оваа победа, одбојкарките на Борец се искачија едно место погоре на табелата во Втората одбојкарска лига и по 16 одиграни кола се наоѓаат на петтата позиција, продолжувајќи ја борбата за што подобар пласман во продолжението од сезоната.

















