Со зголемувањето на температурите изминативе неколку дена, забележано е и зголемување на бројот на повиците кон ТППЕ и противпожарни интервенции. Само за време на викендот, регистрирани се 60 пожари на отворен простор, а 9 од нив сѐ уште се активни.
Според информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни пожари се забележани во следните области: село Крушевица и атарот на село Лопатица (Општина Прилеп), кај селата Растојца и Кочиште (Општина Демир Хисар), на планината Огражден над селото Сушица, во месноста Чардак (Општина Ново Село), село Кованец (Општина Гевгелија), село Сошани – Дебарца (Општина Охрид), во атарот на селото Теово, помеѓу Бегова чешма и Плевење (Општина Чашка), над селото Грушино (Општина Сарај/Желино) и над селото Вешала на Шар Планина (Општина Тетово).