СДСМ: Началничката Цветковска меѓу заштитените од Мицкоски и Коцевски, зошто не одговара за затворената врата во кочанската дискотека?

Обвинителството и премиерот Христијан Мицкоски мора да одговорат зошто досега не е покрената истрага против актуелната началничка на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска во моментот кога се случил пожарот. Таа е личен избор на министерот Панче Тошковски за началник уште во техничката Влада што значи дека таа е на функција повеќе од една година пред да се случи трагичниот пожар во Пулс, соопштија денеска од СДСМ во серијата на прес-конференции поврзани со обвинувања за истрагата за кочанската трагедија.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска праша зошто Цветковска Маневска не одговара за затворената врата во дискотеката Пулс.

Agria
„Како е можно како началник на ОВР Кочани, Маневска да нема информации дека е издадена и се спроведува наредба спротивна на стандардната оперативна процедура во секторот на ОВР со која самата раководи! Дали и таа како и Драган Казак Петрушев е заштитена само затоа што е член на ВМРО-ДПМНЕ и има фотографии со поранешни и актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ?! Дали е точно дека одговорниот за реонот во Кочани во кој се наоѓа дискотеката Пулс неколку месеци пред пожарот испратил службена белешка до своите надредени меѓу кои и Марија Цветковска Маневска дека дискотеката работи спротивно на законите“, рече Кузеска.

Таа испрати уште неколку прашања:

„Дали е точно дека додека горела дискотеката одредени полициски службеници не биле на висина на задачата меѓу кои и началничката Марија Цветковска Маневска? Дали Христијан Мицкоски лично ги штити овие луѓе од страв дека доколку станат дел од истрагата и против нив се покрене обвинение, истрагата ќе доведе лично до него и до неговите најблиски соработници? Дали Мицкоски ги штити овие луѓе за да не се распадне неговата параполициска и мафијашка структура во рамки на МВР?

Обвинителството мора да одговори зошто нема обвинение против овие луѓе? Дали се мета на уцени или можеби станува збор за тргувања со влијание, потенцира портпаролката на СДСМ.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: