
Во велешката болница во моментов од ковид-19 се лекуваат 70 пациенти, од кои 51 имаат позитивен тест, осуммина се сомнителни на вирусот и 11 пациенти имаат негативен тест, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 33 пациенти.
На инфективното одделение се сместени 40 пациенти, во модуларната болница има 21 пациент и на интерното одделение се хоспитализирани девет пациенти со ковид-19. Од болницата соопштуваат дека двајца пациенти се испишани како оздравен, откако добиле негативен тест.
Содржината продолжува под рекламата
Во последните 24 часа во Велес беше регистриран само еден нов случај на ковид-19. Оздравени се шест пациенти, а едно лице на 84 годишна возраст е почина. Активниот број на случаи во Велес е 318.
Можеби ќе ве интересира: